Дома Фудбал Светско првенство во сериозна опасност? Војната на Блискиот Исток може да ги промени плановите на ФИФА

Светско првенство во сериозна опасност? Војната на Блискиот Исток може да ги промени плановите на ФИФА

Светското првенство во 2026 година треба да започне за помалку од 100 дена, но зголемените тензии на Блискиот Исток го отворија прашањето кое до неодамна никој не сакал да го спомене – може ли најголемиот фудбалски турнир да биде одложен?

До почетокот на Светското првенство остануваат само уште 98 дена. Планирано е на турнирот да се одиграат дури 104 натпревари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По прв пат во историјата ќе учествуваат дури 48 репрезентации од целиот свет.

Домаќинството е поделенo меѓу три држави – Мексико, Канада и Соединетите Американски Држави. Сепак, најголемиот дел од турнирот ќе биде одигран на американско тло.

Во Соединетите Американски Држави се планирани дури 78 натпревари, меѓу кои и големото финале.

Сепак, безбедносната состојба во светот последните денови стана сериозна причина за загриженост.

Особено по ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток.

Ситуацијата дополнително се комплицира по заедничкиот напад на САД и Израел на Иран на 28 февруари.

Тој настан предизвика низа возвратни напади. Иранските ракети и дронови целеа повеќе земји во регионот на Заливот.

Меѓу нив се Израел, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Бахреин, Кувајт и Катар.

За сега од ФИФА нема никакви навестувања дека Иран би можел да биде исклучен од турнирот.

Исто така, нема информации ниту дека иранската репрезентација би можела сама да се откаже од настапот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Да не верува човек: Ова е сумата што Реал Мадрид ја има на сметката!

Реал Мадрид се смета за еден од најбогатите клубови во светот, но сумата во кеш што Кралев…