Дома Фудбал Меси имаше најчуден прием во животот: Не можеше да верува што зборува Трамп (Видео)

Меси имаше најчуден прием во животот: Не можеше да верува што зборува Трамп (Видео)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ги прими фудбалерите на Интер од Мајами, актуелните шампиони на МЛС лигата, во Белата куќа.

Американскиот претседател сакаше да им додели признанија на шампионите на САД и на тимот предводен од Лионел Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новата сезона во МЛС започна на почетокот на март, а Трамп со приемот за ланските шампиони сакаше на некој начин да биде во центарот на вниманието на стартот на новата сезона.

Наместо спортска приказна, Меси и екипата беа шокирани од однесувањето на Трамп.

За време на говорот, додека беа присутни фудбалерите на Интер од Мајами, Трамп најмногу зборуваше за политика.

Главната тема му беше тековната ситуација на Блискиот Исток, а се дотакна и на Куба, како и на поранешните бегалци од Мајами.

Во еден момент фудбалерите останаа збунети, а Лионел Меси не можеше да верува што слуша.

Додека Трамп беше во својата верзија на настаните, изразот на лицето на Меси кажуваше сè.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Засега никој од Реал Мадрид не го контактирал Мурињо, тврдат во Шпанија

Во последниве денови, името на Жозе Мурињо повторно стана актуелно како можен тренер на Ре…