Дома Фудбал Симеоне е џентлмен: По победата над Барселона направи потег кој е главна тема во Шпанија!

Симеоне е џентлмен: По победата над Барселона направи потег кој е главна тема во Шпанија!

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, синоќа не успеа да режира уште една легендарна „ремонтада“ и да обезбеди пласман во големото финале од Купот на кралот.

Тимот на Ханси Флик во реванш-полуфиналето го совлада Атлетико Мадрид со убедливи 3:0, но тешкиот пораз од 4:0 во првиот натпревар се покажа како преголем товар. И покрај силната офанзива и доминацијата на теренот, Каталонците не успеаја да ја анулираат негативата и останаа без билет за финалето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Така, Атлетико ќе се бори за трофејот против подобриот од дуелот меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.

По последниот судиски свиреж, фудбалерите на Атлетико го прославија големиот успех. Но, додека во нивниот табор се славеше, на спротивната страна се одвиваше сцена што ја воодушеви шпанската спортска јавност.

Меѓу разочараните играчи на Барселона највпечатлив беше Рафиња. Откако им аплаудираше на навивачите за поддршката, Бразилецот се струполи на тревникот — исцрпен и скршен од елиминацијата.

Во тие моменти, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, направи потег што медиумите го опишаа како вистински џентлменски чин. Откако се поздрави со членовите на својот стручен штаб, Симеоне се упати директно кон Рафинја. Го фати за рацете, му упати неколку зборови охрабрување и го поттикна да стане од тревникот.

Кратка, но силна порака — дека фудбалот не е само ривалство и трофеи, туку и почит, човечност и спортски дух.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Реал бесни на Винисиус: Пеп и Клоп никогаш не би го трпеле ова!

Веќе извесен период, Винисиус предизвикува негативни реакции кај навивачите на ривалите на…