
Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, го кажа судбоносното “да” на својот долгогодишен партнер, Георгиос Фрагулис.
Бразилец со грчки корени, со кого Сабаленка е во врска речиси две години, ја изненади со романтично запросување пред турнирот во Индијан Велс, каде белорускиот ас ќе настапи како прва носителка.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Според објавите на социјалните мрежи, Сабаленка не очекуваше такво запросување. За време на вечерата покрај базенот, опкружени со свеќи, Фрагулис клекна и го постави клучното прашање. Емотивната тенисерка прифати, изразувајќи неизмерна среќа, по што следуваа прегратки и бакнежи. Прстенот на нејзината рака со огромен дијамант привлече особено внимание.
“Ти и јас засекогаш”, напиша Сабаленка подсетувајќи на денот на запросувањето со емотикон на прстен.
Многу честитки пристигнаа честитајќи ја нивната врска, а се истакна и Новак Ѓоковиќ, најголемиот тенисер на нашето време, кој во коментарот остави три срца. Неговата реакција брзо собра многу лајкови и коментари.
Српскиот ас е добар пријател на парот и деловно е поврзан со Фрагулис како соеден сопственик на францускиот клуб Ле Ман.
Сабаленка е четири пати победник на Гренд Слем турнирите и долго време е на врвот на ВТА листата. Но, зад неа е и мошне тежок животен период.
Нејзиниот претходен партнер, поранешниот хокеар Константин Колцов, почина трагично. Според тогашните извештаи на медиумите, Колцов загина во Мајами.
Само еден месец подоцна, Сабаленка за првпат јавно се појави со Фрагулис, и тоа на турнирот во Мадрид пред Ролан Гарос, со што започнува новата фаза во нејзиниот приватен живот.