Дома Останати Кошарка Голем пех за Кливленд: Се повреди Џејмс Харден

Голем пех за Кливленд: Се повреди Џејмс Харден

Кливленд Кавалирс ги снајде голема несреќа со повредата на Џејмс Харден, кој најверојатно ќе мора да паузира за одреден период.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Харден во натпревар против Њујорк Никси, каде неговите Кавалирси победија со 109:94, претрпе фрактура на палецот на десната рака и за сега ќе биде надвор од составот на Кен Аткрисон.

Ова е огромен удар за тимот од Охајо, кој по доаѓањето на популарниот Брада оствари шест победи во седум натпревари. Искусниот бек во тој период бележеше во просек 18,9 поени, со 4,6 асистенции по натпревар, што покажува колку добро се вклопи во тимот на Кливленд.

Сѐ уште е нејасно колку време Харден ќе биде отсутен, ако воопшто биде потребно да паузира. Пред мечот со Милвоки Бакси, тој е означен како “неизвесен”, наместо да биде на списокот на повредени играчи. Кавалирс соопштија дека Харден ќе продолжи со терапии и дополнителни прегледи на повредата.

Со оглед на тоа што повредата не е на неговата шутерска рака, постои можност да биде дел од составот и покрај повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…