Дома Фудбал Сензација во Купот на Македонија: Охрид го елиминираше Вардар!

Сензација во Купот на Македонија: Охрид го елиминираше Вардар!

Големи изненадувања донесоа денешните четвртфинални натпревари во Купот на Македонија. ФК Охрид Лихнидос испиша историја и го елиминира актуелниот освојувач на трофејот ФК Вардар по изведување пенали, обезбедувајќи прво полуфинале во клупската историја.

„Црвено-црните“ имаа водство и контрола, но дозволија шок во самиот финиш. По мирно прво полувреме во кое охриѓани дисциплинирано се бранеа, Вардар поведе во 59. минута преку Бобан Николов. Се чинеше дека фаворитот рутински ќе ја заврши работата, но во 90. минута следеше студен туш, Матески ја искористи невнимателноста на одбраната, излезе сам пред голманот и донесе израмнување.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Бидејќи победник немаше по регуларниот дел, решаваа пеналите. Двете екипи не беа перфектни од белата точка, а клучниот момент дојде во четвртата серија кога Данев не реализираше. Охрид ја задржа предноста, а во последната серија Дарко Илиевски со сигурен удар стави точка на драмата и го испрати Вардар дома.

Покрај сензацијата во Охрид, нов удар претрпе и ФК Работнички. Тимот од Скопје, кој веќе мака мачи со резултатите во првенството, беше елиминиран од второлигашот ФК Шкендија Арачиново со 3-1. Натпреварот се одигра во Куманово, а Шкендија уште во првиот дел поведе преку Десниќ и до крајот сигурно ја завери големата победа.

Преостанатите четвртфинални пресметки допрва следуваат, ФК Детонит Плачковица ќе се соочи со ФК Силекс, додека завршниот дуел од оваа фаза е закажан за 18 март, кога ќе се сретнат ФК Струга Трим Лум и ФК Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шешко е хит: Погледнете колку брзо го претрча теренот пред да постигне гол (Видео)

Словенечкиот фудбалер Бенjамин Шешко синоќа повторно ги вooдушеви фановите со својот гол з…