
Епилогот на големиот пожар што навивачите на Партизан го предизвикаа на гостувањето кај Црвена звезда во најголемото српско дерби е целосно уништена јужна трибина, стотици столчиња кои сега веќе ги нема и голема материјална штета.
Фудбалерите на Црвена звезда вчера со убедлива победа од 3:0 го совладаа Партизан, отварајќи си пат кон нова титула првак на Србија, додека дербито од самиот почеток беше тензично и хаотично, со бројни непријатни сцени.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Најдраматично беше во второто полувреме, кога навивачите на Партизан запалија дел од јужната трибина. Стотици столчиња биле зафатени од пламенот, натпреварот беше прекинат, а во акцијата се вклучиле пожарникарите за да спречат ситуацијата да ескалира и да избегнат потенцијални жртви.
Како што соопштува утрово српскиот портал Telegraf, штетата е проценета на 200.000 евра. Јужната трибина е комплетно уништена, голем дел од столчињата се скршени и запалени, но бил оштетен и семафорот. Покрај тоа, уништени се и тоалетите и вратите на влезовите на стадионот.
Дополнително, објавени се и фотографии што покажуваат како изгледа јужната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ ден по еден од најхаотичните белградски дербија во последните години.
Црвена звезда ќе го користи стадионот и оваа трибина веќе во четврток, кога е на програмата реванш натпреварот во плеј-офот на Лига Европа против Лил. Се верува дека до тогаш штетата ќе биде отстранета.