Дома Фудбал Eве како изгледа трибината на „Рајко Митиќ“ која ја запалија навивачите на Партизан (Фото)

Eве како изгледа трибината на „Рајко Митиќ“ која ја запалија навивачите на Партизан (Фото)

По убедливата победа на Црвена звезда над Партизан со 3:0 (1:0) на 178-от вечен дерби, требаше време за да се испразни стадионот на Црвена звезда. Откако сите го напуштија, се забележа дека јужната трибина каде стоеја навивачите на Партизан беше значително оштетена.

Не е изненадување ако се земе предвид што се случуваше таму. Веќе на самиот почеток на натпреварот, навивачите на Црвена звезда од врвот на трибината распослаа знаме, кое потоа навивачите на Партизан го запалија. Уште на самиот почеток видовме како од јужниот дел кај корнерот летаат силни петарди.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Потоа следуваше уште еден прекин во второто полувреме кога дел од јужната трибина беше запален, откако Марко Арнаутовиќ постигна гол за 2:0. Пожарникарите тогаш мораа да интервенција, но за среќа брзо го изгаснаа пожарот. Оваа сцена може да ја видите подоле:

По пожарот на југ, неколку пати летаа столици кон атлетската патека на стадионот “Рајко Митиќ”, а откако навивачите го напуштија стадионот, се забележа недостаток на многу столици и траги од големиот пожар што беснееше на трибината. Погледнете како на крајот изгледаше трибината:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доби критики од Мбапе, па остана без настап на последните три натпревари

Франко Мастантуоно дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, а по сè изглед…