Дома Фудбал Реал Мадрид е спремен да плати 50 милиони евра за дефанзивец!

Реал Мадрид е спремен да плати 50 милиони евра за дефанзивец!

Реал Мадрид размислува за потрага по дефанзивец ова лето, а на врвот на листата на потенцијални засилувања е Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд.

Овој германски репрезентативец е во фокусот на интерес на Реал Мадрид последните неколку недели. Интензивно се работи на трансферот бидејќи и Барселона покажува интерес за 26-годишникот, што може да ја направи трката напорна.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


За Реал Мадрид, засилување на дефанзивната линија е приоритет за летниот трансфер-период. Иако веќе се разгледувале Геји, Упамекано и Конате, Шлотербек е моментално првиот избор и се работи на неговото префрлање во клубот.

Нико Шлотербек има договор со Борусија Дортмунд до летото 2027 година, што му дава одредена предност на Реал Мадрид во преговорите.

Една од силните страни на овој дефанзивец е неговата доминантна лева нога, којашто го прави стандарден дел од почетниот состав на репрезентацијата, водејќи така до зголемено интересирање за него.

Баерн Минхен исто така покажува интерес за Шлотербек, но Реал Мадрид засега има предност во оваа трка…

Одличните односи помеѓу Борусија и Реал Мадрид, коишто функционираат успешно во изминатите години, можат да бидат клучни за успешниот трансфер.

Цена?

Според информациите на шпанскиот “Ас”, договорот би можел да се постигне на околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата од денеска има нов рекордер!

Сезоната на англиската Премиер Лига навлезе во последната третина, а притисокот на врвот и…