Дома Фудбал Лапорта: Дали ќе се врати Меси? Тој заслужува статуа и меч за збогување

Лапорта: Дали ќе се врати Меси? Тој заслужува статуа и меч за збогување

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за можноста за враќање на Лионел Меси во каталонскиот гигант, испраќајќи јасна порака за тоа што клубот му должи на својот поранешен капитен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Враќање на Меси во Барса? Она што тој го заслужува е статуа и проштален натпревар“, изјави Лапорта, алудирајќи на огромниот придонес што аргентинската ѕвезда го имаше во најтрофејниот период во историјата на клубот.

Сепак, првиот човек на Барселона потенцираше дека реалноста во моментов е поинаква. „Но, тој сега има важечки договор“, додаде Лапорта, ставајќи до знаење дека евентуалното враќање не зависи само од желбата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Блесна ново чудо во „Ла Масија“: Сите во Барселона се воодушевени!

Барселона наскоро може да добие уште еден блескав скапоцен камен од прочуената Ла Масија. …