Дома Фудбал Бетис претстави специјален дрес – направен е од портокал! (Видео)

Бетис претстави специјален дрес – направен е од портокал! (Видео)

Играчите на шпанскиот прволигаш Бетис ќе се истрчаат в сабота во зелено-белите дресови направени од кора од портокали и рециклирани материјали, поттикнувајќи ја борбата против климатските промени додека областа Андалузија се соочува со силна бура.

Под мотото “Животот во зеленилото започнува во соседството”, клубот во Севилја го претстави дресот што ќе го носат против Рајо Ваљекано во 25. коло на шпанското фудбалско првенство.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


“Ова е прв фудбалски дрес изработен од портокали, дизајниран за да ја истакне природната наследност на градот и да испрати порака за високите температури и значењето на квалитетот на животот во градските средини,” изјави портпаролката на проектот Мерцедес Јеламо Мена.

Шеснаесет проценти од дресот се направени од влакна од портокаловата кора, а остатокот од рециклиран полиестер и дрвна пулпа. Портокаловите броеви на дресовите се производ на мастило без хемикалии кое, при триење, ослободува мирис на цвет од портокал, симбол на Севилја.

“Целта е оваа порака за свесност не само да се види, туку и да се почувствува,” додаде Јеламо Мела. Шпанија бележи девет поројни бури во изминатите два месеци, а најзагрозена е јужната и најнаселена покраина Андалузија, каде што живеат 8,5 милиони луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Радост во Барселона: Гави конечно ги обнови тренинзите

Талентираниот халф на Барселона, Гави, денес ги обнови тренинзите со основната група, што …