Дома Фудбал Aнглија е како од друга планета: Клуб од Чемпионшип претстави спектакуларен тренинг-центар

Aнглија е како од друга планета: Клуб од Чемпионшип претстави спектакуларен тренинг-центар

Англискиот клуб Стоук Сити направи голем чекор напред во развојот на својата инфраструктура со презентирањето на новиот тренинг камп кој чини 10 милиони фунти.

Овој модерен комплекс покажува колку англиските клубови, дури и тие од Чемпионшип, вложуваат за да обезбедат играчите да имаат идеални услови за тренинг и рехабилитација.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Новата база е опремена со најсовремена опрема, а некои од клучните содржини вклучуваат:

Хидротераписки базен – совршен за опоравување на играчите и рехабилитацијa на повреди.

Сауна – за релаксација и подобрување на физичкиот опоравок.

Просторија за состаноци и анализи – каде што тренерите можат да подготвуваат тактики и да прегледуваат видео материјали.

Две теретани – обезбедуваат врвни услови за физичка подготовка на играчите од сите возрасти.

Рекреативна трпезарија – простор за одмор и заеднички оброци кој дополнително го зајакнува тимскиот дух.

Клупските раководители нагласуваат дека овој објект не е само симбол на амбиција, туку и вистинска алатка за подобрување на играта на фудбалерите.

“Нашата цел е да им овозможиме на играчите најдобри можни услови, како физички, така и психолошки. Овој комплекс е чекор напред во секој аспект на работата со првиот тим”, истакнаа од клубот.

Оваа инвестиција покажува дека англискиот фудбал, не е само Премиер лигата, туку и Чемпионшипот, достигна ниво на инфраструктура кое е далеку пред многу други лиги во светот, што всушност е и основата на нивниот успех и прогрес низ годините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилепчанец и животот ќе го даде за Победа – најави самозапалување ако клубот престане да постои!

Еден од најпознатите навивачи во Прилеп, Кире Ивановски – Балче, преку објава на социјални…