Дома Останати Тенис Вимблдон донесе одлука која на Ѓоковиќ нема да му се допадне

Вимблдон донесе одлука која на Ѓоковиќ нема да му се допадне

Организаторите на Вимблдон донесоа одлука која ќе подигне многу прашина во светот на тенисот. Иако најголемите ѕвезди на „белиот спорт“, предводени од Новак Ѓоковиќ и Коко Гоф, јавно го подигнаа гласот против прекумерниот број камери во ходниците и „скриените“ агли на стадионот, познатиот „Ол Ингланд клуб“ нема намера да ги промени своите правила.

Дебатата за приватноста на тенисерите се усилила за време на изминатиот Австралијан опен. Младата Американка Коко Гоф беше снимена како во налет на бес крши рекет по поразот во четвртфиналето, иако намерно се одвоила од камерите барајќи момент на самотија. Се покажало дека „мирот“ го нема никаде, освен во соблекувалната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај неа, се пожалија и Ига Швјонтек, Џесика Пегула и Аманда Анисимова, но најгласен беше Новак Ѓоковиќ, кој застана во одбрана на помладите колешки, но и на сопственото право на приватност.

Ѓоковиќ искрено порача дека ситуацијата станала алармантна и “тажна”.

Го разбирам Коко, со неа се чувствувам. И јас сум кршел рекети, знам како е кога си фрустриран. Живееме во општество каде што “содржината” е сè. Тажно е што денеска никаде не можеш да се скриеш и да го изнесеш бесот, а да не те сними камера – рече Новак и додаде во свој стил, со доза на сарказам:

И покрај интервенцијата на агентите и претставниците на играчите, Вимблдон во петокот официјално потврди дека нема да ја менува поставеноста на камерите во однос на минатата година. Англичаните тврдат дека камерите во зоните за загревање и опоравок се “корисни за промоција на спортот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на денес објавената АТП листа. Ѓ…