Дома Останати Кошарка Млад Финец дожива страшен пад на Зимските Олимписки игри – можеше сериозно да се повреди!

Млад Финец дожива страшен пад на Зимските Олимписки игри – можеше сериозно да се повреди!

Младиот фински спортист Елиас Лајунен (18) претрпе ужасен пад за време на квалификациите во дисциплината “Биг-Аир” на Зимските олимписки игри, по кој остана неподвижен на снегот.

Лајунен ја изгуби ориентацијата и координацијата при скокот, падна на страната од голема височина, удри со главата во земјата и остана да лежи, а на неговото лице се забележуваше крв.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Медицинските служби го изнесоа од патеката во целосна имобилизација и веднаш го пренесоа во болница, а од Финска објавија дека младиот спортист пред да ја напушти патеката го подигнал палецот за да им покаже на гледачите дека е свесен.

Според информациите, Лајунен бил присебен и можел да ги движи сите делови од телото, но докторите сепак одлучиле да направат детални превентивни прегледи.

Патеката беше долга околу 30 метри, почетната точка беше на висина од приближно 55 метри, а брзината на спуштање околу 60 километри на час.

“Подлогата е тврдa како бетон. Тоа беше вистински пад. Изгледаше брутално и многу страшно”, коментираше стручниот коментатор на шведската телевизија Јакоб Вестер.

Инаку, Лајунен доаѓа од исклучително спортска фамилија, бидејќи неговиот татко Сампе Лајунен освои три златни медали на Зимските олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити и две сребрени во 1998 година во Нагано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн: Не сум сигурен дека ќе играм наредната сезона

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, моментално ја игра својата 23. с…