Дома Фудбал Ниту Кристијано, ниту Меси: Оливер Кан „пресече“ кој е најдобар во историјата

Ниту Кристијано, ниту Меси: Оливер Кан „пресече“ кој е најдобар во историјата

Легендарниот германски голман Оливер Кан тврди дека без никаква дилема Бразилецот Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Оливер Кан во текот на својата кариера играше против многу фудбалски великани. Исто така, многумина од нив ги гледаше во живо низ целиот свет, но тој нема дилема кој е најдобриот некогаш.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилецот Роналдо Назарио кај Кан нема конкуренција. Тврди дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо не му се ни приближно на квалитетот.

“За мене, Роналдо беше многу подобар од Меси и Кристијано,” рече Оливер Кан.

Токму прочуениот Бразилец се погрижи чудесниот чувар на мрежата да не ја освои титулата светски шампион во 2002 година. Му даде два гола во финалето и за Оли нема дилема. Тој е најдобриот што се појавил.

“Сé уште го гледам како најкомплетниот играч некогаш. Бразилскиот Феномен е најдобриот играч што сум го видел”, вели Кан.

Оли Кан е икона на Баерн. Прагматичниот голман настапи на 632 натпревари за баварскиот великан и освои апсолутно се’ што можеше.

Исто така, настапуваше и за Карлсрухер. Во овој тим е и израснат, со 153 настапи.

Кан своевремено важеше за еден од најдобрите голмани во светот. За многумина, е меѓу десетте најдобри на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Фудбал Италија“: Тудор тешко ќе го спаси Титаник од потонување

Во изненадувачки потег, поранешниот тренер на Лацио и Јувентус, Игор Тудор беше назначен з…