Дома Фудбал Балотели со гол дебитираше во новиот клуб (Видео)

Балотели со гол дебитираше во новиот клуб (Видео)

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели го постигна својот прв гол за Ал-Итифак во Првата лига на Обединетите Арапски Емирати, придонесувајќи за победата на неговиот тим против составот на Галф јунајтед со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели успеа да го запише вториот гол за Ал-Итифак на гостинскиот терен, што значеше и крај на неговиот пост од голови кој траеше од 2024 година.

Искусниот напаѓач кој има 35 години потпиша за екипата од ОАЕ во јануари, откако му истече договорот со Џенова на крајот од минатата сезона.

Сезонава, Ал-Итифак е во незавидна ситуација во лигата, па клубот се надева дека Балотели со своето значајно искуство и голови ќе може да помогне во борбата за опстанок во првенството.

[FIFA+] Марио Балотели го постигнува првиот гол за Ал-Итифак.
од u/Sparky-moon во soccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува нокаут – фазата на Мундијалот, познати сите натпревари

Со вечерашниот дуел меѓу Јужна Африка и Канада во 21 часот, започнува нокаут-фазата на Све…