Дома Фудбал Шкендија во финишот ја скрши Струга, Тиквеш со „шестка“ го испрати Шкупи (Видео)

Шкендија во финишот ја скрши Струга, Тиквеш со „шестка“ го испрати Шкупи (Видео)

Со денешните два натпревари од 14:00 часот отворен беше вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а во овие дуели победи забележаа Шкендија и Тиквеш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Продолжението на шампионатот донесе директен дуел меѓу екипите што беа во самиот врв, а тетовци успеаја да ја капитализираат домашната предност благодарение на поквалитетната завршница славејќи со 2-0. Првиот дел од натпреварот помина без поголеми возбудувања, со многу тактичко надмудрување и игра концентрирана околу средината на теренот.

Сепак, Шкендија беше поконкретна пред паузата и создаде неколку сериозни можности, меѓутоа сепак изостана реализацијата.

Во второто полувреме, притисокот на домаќините беше поизразен, но цврстата одбрана на Струга долго време го држеше резултатот отворен. Клучниот момент се случи во 79. минута кога по обидот од далечина наИбраими и одбиената топка, Трумчи асистираше, аСебастијан Спахиу мирно ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.

Само неколку минути подоцна, дилемите околу победникот беа отстранети. Новото засилување Фахд Нзенгуе, кој зимава пристигна од италијанска Брера, на својот прв официјален настап за Шкендија го постигна дебитантскиот погодок и ги постави конечните 2-0.

Во вториот натпревар од денот, гледачите во Кавадарци присуствуваа на вистинска голеада. Тиквеш, иако формално гостин поради проблемите на Шкупи играше на својот стадион и лесно славеше со победа од 6-0. Чаирчани кои се последни на табелата со само еден бод во овој дуел не испратија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…