Дома Фудбал Невил го критикуваше судијата по натпреварот меѓу Ливерпул и Сити: Ова го убива фудбалот

Невил го критикуваше судијата по натпреварот меѓу Ливерпул и Сити: Ова го убива фудбалот

Драматичниот крај на дербито од 25. коло на Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити на „Енфилд“ предизвика бурни реакции од фудбалската јавност.

Целата полемика се врти околу спорната одлука на судијата Крејг Поусон, која ја донесе по прегледот на ВАР во 100-тата минута. Тој го исклучи играчот од средината на Ливерпул, Доминик Собослаи, поради прекршок врз Ерлинг Халанд, иако само неколку моменти пред тоа беше поништен гол на Манчестер Сити. Гостите триумфираа со 2:1, а унгарскиот фудбалер ќе го пропушти следниот натпревар поради црвениот картон.

„Ова ja уништува љубовта кон фудбалот“

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката на судијата особено го разгневи легендарниот англиски фудбалер Гари Невилл, кој во својата улога како експерт коментатор за Sky Sports жестоко го критикуваше судењето и употребата на ВАР технологијата.

„Ова е убиец на расположението. Едноставно се уништи еден од најголемите моменти сезонава“, изјави Невил, истакнувајќи дека таквата одлука целосно ја уби магијата на фудбалот.

„Не можам да го разберам. Направи прекршок, тоа е јасно. Но, ова делува толку неправедно. Знам дека има правила, но важен е и духот на играта“, додаде поранешниот англиски репрезентативец.

Невил продолжи со истиот тон и по натпреварот. “Никој судија не би требало да поништи таков гол, но тој го направи. Само дозволете го голот. Фудбалски навивач нема да рече дека тоа беше прекршок. Поради вакви моменти се живее за натпреварите. Јас сум за ВАР, но ова ја уништи сета радост. Навивачите гледаат фудбал заради забавата и токму ваквите моменти.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Јувентус ја бакна новинарката среде нападот на судиите (Видео)

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, имаше долг изблик по натпреварот, барајќи судиите …