Дома Фудбал Хаос на автопат во Виена: Српски навивачи чекале Хрвати – одземени 40 палки!

Хаос на автопат во Виена: Српски навивачи чекале Хрвати – одземени 40 палки!

Полицијата соопшти дека се работи за 50 маскирани хулигани, најверојатно приврзаници на Црвена звезда.

Во регионот сè уште се зборува за инцидентот во Тузла каде што Торцида нападе навивачи на Делије по нивното враќање од Шведска. Се почести се овие немили случувања помеѓу приврзаниците на клубовите од Хрватска и Србија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сè започна кога Бад Блу Бојси ги пресретнаа Делије кај Славонски Брод, а продолжи со нападот на Торцида во Босна и Херцеговина. Потоа, според австриските медиуми, полицијата спречи напад на Делије врз Торнадо, навивачите на Задар.

Имено, навивачите на Задар тргнаа на гостување во Виена каде што нивниот тим играше во АБА лигата против Виена.

Во близина на малото место Трајскирхен, блиску до Виена, на автопатот настана вистински хаос во петокот околу 21:00 часот. Полицијата прими бројни повици од граѓаните кои беа сведоци на настанот.

Се претпоставува дека Делије го блокираа сообраќајот во очекување на Торнадо, но благодарение на брзата интервенција на полицијата, ситуацијата не стана полоша. Полицијата заплени 40 палки кои беа подготвени за пресметка.

Полицијата соопшти дека станува збор за 50 маскирани хулигани, најверојатно навивачи на Црвена звезда.

Силите на австриската полиција успешно реагираа, а хеликоптер беше подигнат за лесна и брза потрага по хулиганите.

Навивачите на Црвена звезда ги паркираа возилата покрај автопатот чекајќи ги приврзаниците од Далмација, но беа брзо забележани и сè беше спречено.

Според австриските медиуми, возило на брзата помош што се упати кон местото на инцидентот се судрило со автомобил. Во несреќата биле повредени вкупно пет лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо денеска разбра дека е само обичен фудбалер во С. Арабија

Кристијано Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Поради внатрешни несогласувања околу политик…