
Возачот на Мекларен, Ландо Норис изјави денес дека уживаше минатата сезона кога ја освои титулата светски шампион во Формула 1 и истакна дека сака тоа повторно да го постигне.
Норис ја освои својата прва титула минатата година во тесна борба која траеше целата сезона со неговиот клупски колега Оскар Пјастри и Макс Ферстапен од Ред Бул.
Овој 26-годишен возач изјави дека ужива во фактот дека ја остварил својата „животна амбиција”, но истакна и дека сака да продолжи со успесите.
“Ако повторно не постигнам нешто, секогаш ќе го имам ова на кое сум многу горд. Ако ништо друго, многу уживав минатата година и секако дека навистина сакам тоа да го повторам”, рече Норис, пренесува Би-Би-Си.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тој изјави и дека секогаш има работи во кои сака да биде подобар.
“Знам дека сè уште има области во кои не сум на нивото кое треба да бидам. Тоа е сè уште добро ниво, но кога се борите против овие момци, мора да бидете блиску до совршенство. Уште има многу работи на кои сакам да работам и во кои сакам да бидам подобар, но основното ниво на кое сум сега веќе е прилично добро”, рече Норис.