Дома Фудбал Откриена „измамата“ на Синер на Австралијан опен

Откриена „измамата“ на Синер на Австралијан опен

Тенискиот свет не престанува да зборува за Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Австралијан Опен, односно победата против Јаник Синер во полуфиналето во пет одиграни сета, иако во мај ќе наполни 39 години. Сепак, откриен е еден детаљ кој не беше многу познат на јавноста, а Италијаните индиректно пишуваат дека тоа е причината за поразот на Синер од Ѓоковиќ.

Нов модел рекет “Head” беше претставен пред турнирот, но Јаник Синер се обиде да го усогласи суеверието и довербата, па да во Мелбурн настапи со истиот рекет од претходно. Тоа е чудно, затоа што Италијанецот ги играше егзибициските турнири со новиот, како и тренинзите кои ги имаше пред првиот Грен слем во сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Јаник веќе го користеше новиот рекет на тренинзите и во егзибициските мечеви, но сè уште немаше можност да го употреби на турнирот. Како актуелен шампион на Австралиското Отворено, свесно ја задржа својата проверена рутина на игра за да има максимална константност. Ќе видиме што ќе донесе иднината – гласеше одговорот на “Head” на коментарите на италијанската публика зошто Синер не го користеше новиот рекет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино сака да се врати во Премиер лигата: Ми недостига англискиот фудбал

Маурисио Покетино, селектор на Соединетите Американски Држави, кој се поврзува со менаџерс…