Дома Фудбал Хорор: Погледнете одблиску како изгледа комбето во кое загинаа навивачите на ПАОК (Видео)

Хорор: Погледнете одблиску како изгледа комбето во кое загинаа навивачите на ПАОК (Видео)

Фудбалскиот свет беше потресен пред десетина дена од трагедијата која се случи во Романија, каде што седум навивачи на грчкиот ПАОК ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа. Истовремено, во јавноста се појави и видео од несреќата, а моментално главна тема е снимката што прикажува како изгледа фургонот во кој биле навивачите на ПАОК.

Навивачите на ПАОК тргнаa на долго патување низ Европа за да го поддржат својот тим на натпреварот од Лигата на Европа во гостувањето против Лион.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тие отпатувале два дена пред натпреварот и решиле да не одат преку Србија, туку преку Романија. За жал, на патувањето дојде до страшна сообраќајна несреќа во близина на Темишвар.

Во директен судар меѓу фургон и камион, загинаа седум навивачи на грчкиот клуб, а само тројца успеале да преживеат.

На социјалните мрежи сега се појави видео на кое може да се види колку е уништено комбето од ударот.

Сцените од местото на несреќата беа навистина ужасни, а јавноста беше потресена и од новото видео што прикажува како изгледа “фургонот на смртта” по настанот.

@dracula_ro Paok orthodox brothers Rip #paok #rip #ultras #damage ♬ πρωτότυπος ήχος – monopaok1926

Објавеното видео на социјалните мрежи најдобро го демонстрира ужасниот директен судар.

Од фургонот речиси ништо не остана, а многумина беа емоционално погодени кога во целосно разрушеното возило ги видоа личните предмети на навивачите на ПАОК.

Тројцата навивачи кои успеале да преживеат беа веднаш префрлени во болницата во Темишвар, каде што останаа неколку дена пред да бидат транспортирани на Грција. За среќа, ниту еден од нив не е во животна опасност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена „измамата“ на Синер на Австралијан опен

Тенискиот свет не престанува да зборува за Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Австралијан …