Дома Фудбал Meси во необичен трансфер може да се врати во Европа, ќе игра само домашни натпревари?

Meси во необичен трансфер може да се врати во Европа, ќе игра само домашни натпревари?

Лионел Меси наводно дал зелено светло за сензационален трансфер во Галатасарај, кој може да вклучува бизарна клаузула според која ќе игра само на домашни натпревари. Иако аргентинската фудбалска ѕвезда го продолжила договорот со Интер Мајами до 2028 година, тој сака да биде целосно подготвен за Светското првенство 2026, што може да значи краткотрајно враќање во Европа. Турскиот гигант Галатасарај е подготвен да му ги отвори вратите, објави Goal.com.

Познатиот турски фудбалски коментатор Левент Туземан тврди дека веќе се одржале разговори помеѓу Меси и Галатасарај. Според него, осумкратниот освојувач на Златната топка искажал желба да се приклучи на клубот со четиримесечен договор, за време на кој би одиграл 12 натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сите тие настапи би биле во Истанбул, бидејќи наводно Меси побарал да игра исклучиво на домашните натпревари на Рамс Парк, за да ја избегне масовната хистерија што неговото присуство би ја предизвикало низ Турција. Туземан ја објави оваа неверојатна изјава во живо на каналот A Spor, уверен дека овој невообичаен трансфер би можел да се оствари за Меси да го задржи натпреварувачкиот ритам пред Светското првенство.

“Управата го потврди тоа. Тие сакаат да го организираат доаѓањето на Лионел Меси од САД во Галатасарај. Меси вели дека ритамот во американската лига е премногу напорен и не сака да ризикува повреда пред Светското првенство,” изјави Туземан.

Додаде дека Меси ја отфрлил понудата од Саудиска Арабија. “Ал-Хилал му испратил понуда, но ја одбил. Кога би дошол Меси, на аеродром би го пречекале милион луѓе.” За условите на Меси за доаѓање во Турција, Туземан дообјасни: “Меси рече дека ќе дојде под услов да игра во Истанбул. Изјави дека ќе одигра 12 натпревари, но без да патува на гостувања.”

Иако наводно Меси сака да игра само домашни натпревари, се напоменува дека може да настапи и во финалето на Турскиот куп ако тимот на Окан Бурук се пласира во завршницата. Самиот Меси досега изјави дека не сака да биде “товар” за Аргентина на Светското првенство 2026 година.

Со оглед на тоа што новата сезона во MLS почнува дури напролет, постои загриженост дека нема да биде доволно натпреварувачки тестиран пред одбраната на светската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед во последниот ден од преодниот рок потврди уште е едно заминување

Манчестер Јунајтед потврди дека уште еден играч го напушти клубот, само ден после завршува…