Дома Останати Тенис Тони Надал: Алкараз имаше среќа на Австралијан опен!

Тони Надал: Алкараз имаше среќа на Австралијан опен!

Тони Надал, вујко и поранешен тренер на Рафаел Надал, изјави дека Карлос Алкараз имаше среќа што на патот до освојување на Кариерниот Грен слем на Австралија опен играше против противници „од понизок квалитет“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот Шпанец во неделата на „Род Лејвер“ арената со пресвртот го победи Новак Ѓоковиќ со 2:6, 6:2, 6:3, 7:5 и така го спречи 24-кратниот шампион да го освои својот 11. Австралија опен. Со само 22 години, Алкараз е најмладиот маж во историјата кој успеал да ги освои сите четири Грен слема во кариерата.

– Тој има извонредни физички способности и одлична техника, а покрај тоа и среќа: неговите противници моментално се од понизок квалитет – рече Тони Надал за шпанската радио-станица „Онда Серо“ и додаде:

– Порано, кога игравте против Дел Потро, Мари или Вавринка, знаевте дека натпреварот ќе биде тежок. Ако тие имаа добар ден, можеа да ве победат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…