Дома Фудбал Кристијано Роналдо направи хаос во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо направи хаос во Саудиска Арабија

Неверојатни вести доаѓаат од Саудиска Арабија, а во главна улога е Португалецот, Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо одлучи дека нема да игра за Ал Наср на утрешниот натпревар против Ал-Ријад.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се работи за дерби против градскиот ривал, но Роналдо јасно им порача на раководството на клубот дека нема да биде дел од утрешниот натпревар.

Според пишувањето на португалскиот весник A Bola, Кристијано Роналдо е незадоволен од начинот на кој се води Ал Наср.

Неговото незадоволство е насочено директно кон Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.

И токму PIF управува со Ал Наср, а Роналдо е сé преку глава и одлучи да го бојкотира натпреварот.

Дури и Фабрицио Романо потврди дека Кристијано Роналдо нема да настапи на мечот.

Освен тоа, Романо јасно кажа дека неговото отсуство нема никаква врска со било каква повреда, но не сакаше да дава повеќе детали.

Според пишувањето на A Bola, Роналдо е разочаран од начинот на кој PIF го третира Ал Наср во споредба со другите ривали во лигата.

Очигледно, управувањето на PIF ги вклучува и другите клубови од фондот, но според мислењето на Роналдо, тие се во подобра позиција од клубот во кој тој игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Рајо по натпреварот со Реал бесни на судиите: Секој натпревар иста приказна со вас!

Фудбалерите и управата на Рајо Ваљекано го напуштија стадионот Сантијаго Бернабеу разочара…