Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 02.02.2026)

Тикет на денот (понеделник, 02.02.2026)

Денес имаме нешто послаба понуда, но сепак ние за вас се потрудивме да издвоиме неколку натпревари и да ви ги претставиме во форма на тикет на денот.

Сандерленд – Барнли – ГГ @ 2.05 во 1xBit

Овие две екипи лани играа во Чемпионшип, а сега со различно расположение влегуваат на овој натпревар. Домаќините изиграа фантастично во првиот дел од сезоната и завршија голема работа околу остварувањето на својата цел, а тоа е опстанок во елитата. За Барнли пак не важи истото бидејќи тие се во големи проблеми и се на претпоследната позиција на табелата, а од сигурната зона заостануваат цели 11 бода што воопшто не е лесно да се надомести. Ние овде очекуваме голови и типуваме ГГ со квота 2.05 во 1xBit.

Мајорка – Севиља – 1 @ 2.45 во BetLabel

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мајорка е повторно во лоша серија и тој факт значеше повраток во зоната за елиминација. Пред овој натпревар се наоѓаат на 18-та позиција со 21 бод, а зад нив се само Леванте и Овиедо, но со евентуална победа  би прескокнале три позиции. Севиља и оваа сезона е во проблеми, но во последно како да ја поправија формата, па на последните два дуели собраа четири бода и во моментов се на 14-то место на табелата. Ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 2.45 во BetLabel.

АФС – Брага – 2&2+ @ 1.60 во 22Bet

Последнопласираниот тим на АФС е се уште без победа во португалската Примера, но во минатото коло направија вистинско чудо и од минус три гола во натпреварот со Каса Пиа успеаа да ремизираат и да земат бод. Брага е повторно зад големата тројка и се наоѓа на 4-та позиција, но со огромен заостаток зад Бенфика, па за нив најреално е да се борат да ја задржат сегашната позиција. Овде ние очекуваме лесна победа за Брага и типуваме 2&2+ со квота 1.60 во 22Bet.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 8.04

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (понеделник, 23.03.2026)

Од денес, па во наредните неколку дена, понудата ќе биде доста лоша, па после тоа ќе биде …