Дома Фудбал Навивачите на Реал се бесни: Ги доччекаа фудбалерите со свирежи (Видео)

Навивачите на Реал се бесни: Ги доччекаа фудбалерите со свирежи (Видео)

Реал Мадрид денеска на стадионот Сантјаго Бернабеу го игра натпреварот од 22. коло на Примера против Рајо Ваљекано.

Иако Кралскиот клуб води по првите 45 минути, фановите ги дочекаа своите миленици со силни свирежи пред почетокот на мечот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми истакнуваат дека никогаш досега свирежите не биле толку моќни, што говори за тоа колку тешко се прифаќаат лошите резултати на овој култен стадион.

Навивачите на Реал претходно најавија дека ќе го изразат своето незадоволство од лошите резултати и од општата атмосфера во тимот.

Да потсетиме, Реал неодамна загуби од Бенфика во Лигата на шампионите и ќе се обиде да стигне до осминафиналето преку плејоф натпревар со истиот ривал.

Исто така, во оваа сезона веќе го променија тренерот и забележаа пораз од Барселона во шпанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Лукман го избра новиот клуб!

Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман ги напушта редовите на Аталанта и се подготвува за тран…