
Гледавме вистински спектакл во рамките на полуфиналето на Австралија опен, каде нашиот Новак Ѓоковиќ успеа да направи вистинско чудо и да го совлада Јаник Синер со 3:2, и така да закаже дуел со Карлос Алкараз за неговата 11. титула.
Новак Ѓоковиќ одигра одличен натпревар со Јаник Синер, имаше и од тој српски инат, имаше од сѐ по нешто. Некако, многумина го отфрлија Новак и тоа беше, всушност, она што му даде сила да се избори со далеку помладиот Синер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На крајот, Ѓоковиќ отиде во финале, а Јаник Синер по овој дуел се враќа дома. Јаник Синер зборуваше на конференција за овој натпревар, а сега се огласи и на својот профил на социјалната мрежа „X“.
– Не беше мој ден, но дадов сѐ од себе. Честитки за Новак Ѓоковиќ, секогаш е чест да се дели терен со тебе. Ви благодарам на сите за поддршката во изминативе две недели. Работата продолжува, наскоро се гледаме повторно – напиша Јаник Синер.