Дома Останати Тенис Брутална порака: Ѓоковиќ одговори на навредите кои ги доби во Србија!

Брутална порака: Ѓоковиќ одговори на навредите кои ги доби во Србија!

Најдобриот тенисер на сите времиња,Новак Ѓоковиќ, се избори за големото финале на Австралија опен, откако го совлада Јаник Синер со 3:2 во сетови!

Натпреварот траеше повеќе од четири часа, а Новак победи со сетови 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4, докажувајќи дека на 38 години сè уште припаѓа на врвот на светскиот тенис и за пензија нема ни збор.

Изминатите денови се слушаа многу критики за Новак, многу го оспоруваа неговиот настап и актуелната форма, но со една од најголемите победи во својата кариера, Новак им „ги затвори устата“ на сите сомневачи.

Колку оваа победа беше важна за него, потврдува и пораката што Новак ја остави на камерата, адресирана токму до критичарите што не веруваа во него.

– Кажавте ли нешто? – напиша Новак на камерата на кирилица, а како тоа изгледаше, можете да видите подолу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ на чекор до враќање во Топ 10 на АТП листата

Новак Ѓоковиќ со добри настапи во Пекинг може да се врати во Топ 10 на АТП листата. …