Дома Фудбал Останато Прво претепа момче во јавност, а сега олимписката шампионка повторно уапсена за друг прекршок

Прво претепа момче во јавност, а сега олимписката шампионка повторно уапсена за друг прекршок

Американската олимпијка и освојувачка на злато во Париз во штафетата 4×100 метри, односно сребро на 100 метри, Шакари Ричардсон, е уапсена поради пречекорување на брзина во четвртокот, според WFTV9 и други извештаи од САД.

Канцеларијата на шерифот во округот Оринџ на Флорида, соопшти на телевизиската станица дека 25-годишната девојка возела со брзина од 104 милји на час, односно 167 километри на час и „опасно престигнувала“ други возачи на Парквеј Стонбрук во Флорида.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Родена во Далас, наводно е приведена и сместена во затворот на округот Оринџ со кауција од 500 долари. Ричардсон претходно беше уапсена откако го нападнала својот дечко, уште еден познат спринтер, Кристијан Колман, на меѓународниот аеродром Сијетл – Такома во Вашингтон во јули 2025 година.

Снимките од камерите покажуваат како Ричардсон го бутка својот дечко, спринтерот Кристијан Колман на аеродромот, но таа беше ослободена од обвиненијата откако Колман одбил да учествува во истрагата или да биде признат како жртва во случајот.

Шакари Ричардсон во својата кариера има освоено и три светски злата, две во штафетата 4×100 метри во Будимпешта и Токио во 2023 и 2025 година, како и на 100 метри во Унгарија 2023 година, заедно со бронза истата година на 200 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшен пад на Линдзи Вон во Кран Монтата – трката веднаш беше прекината! (Видео)

Големата американска скијачка ѕвезда Линдзи Вон доживеа сериозен пад за време на спустот в…