Дома Останати Тенис Ѓоковиќ доби предупредување пред натпреварот со Синер во Австралија

Ѓоковиќ доби предупредување пред натпреварот со Синер во Австралија

Најдобриот тенисер на сите времиња – Новак Ѓоковиќ, треба да се најде на главниот терен во Мелбурн каде ќе се обиде да го совлада Јаник Синер од Италија и да се пласира во големото финале на Австралија Опен.

Пред дуелот, даде изјава Борис Бекер, легендарниот тенисер и поранешен тренер на Ѓоковиќ.

– Никогаш не би се обложил против Новак, но натпреварот со Синер е најтешкиот предизвик во Австралија. Во последните две години ја освојуваше титулата, Ѓоковиќ го загуби полуфиналето од него пред две години. Но Новак има подигнат трофеј во Мелбурн парк десет пати и ако некој знае како се освојува трофеј тука, тогаш тоа е тој – рече Бекер и додаде:

– Единствената причина зошто Ѓоковиќ сè уште игра тенис е за да освои гренд слем трофеј, да стигне до 25-от во кариерата, а 11-от во Австралија. Сé друго во тенисот го има постигнато. Тој ќе продолжи да се турка, додека може.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Сабаленка го гледаше Милан на „Сан Сиро“, а го покажа и накитот вреден 100.000 евра

Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската те…