Дома Фудбал Гвардиола по вчерашната победа веднаш го побарал Мурињо!

Гвардиола по вчерашната победа веднаш го побарал Мурињо!

Манчестер Сити директно се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите благодарение на неверојатната драма во Лисабон, каде голот на голманот на Бенфика во судиското продолжение им донесе победа против Реал Мадрид и го турна англискиот првак во нокаут-фазата. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека ќе му се заблагодари на својот стар ривал кој сега е на клупата на Бенфика, Жозе Мурињо, пишува Mirror.

Сити на својот Етихад го заврши својот дел од работата со победа од 2:0 против Галатасарај, а стрелци беа Ерлинг Халанд и Рајан Черки. Сепак, нивниот пат до осминафиналето висеше на конец, бидејќи им требаше неуспех на Реал Мадрид против Бенфика за директен пласман. Сѐ до последните минути од натпреварот во Лисабон, Реал го имаше резултатот што ќе ја испратеше екипата на Гвардиола во доигрување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, тогаш на сцена стапи голманот на Бенфика, Анатолиј Трубин. Во длабокото судиско продолжение отиде во напад при изведување на слободен удар и со зачудувачки гол ја донесе победата на тимот на Мурињо со 4:2, резултат кој и на Бенфика ѝ обезбеди продолжување во натпреварувањето.

Гвардиола призна дека заедно со играчите во соблекувалната го следеле расплетот и дека првично не можел да сфати зошто Мурињо го испратил Трубин во напад. На прашањето дали го контактирал Мурињо за да му се заблагодари, Гвардиола одговори: “Да, секако. Бевме сите во соблекувалната и не знаевме дека и на Бенфика ѝ требаше гол за пласман.”

“Затоа, кога нивниот голман тргна напред, си поставивме прашање: ‘Зошто оди напред?’ Но за Жозе тоа беше добра стратегија. Да се стигне меѓу осумте најдобри, имајќи предвид каква стана Лигата на шампионите, навистина е тешко против секоја екипа, така што сме многу задоволни. Се надеваме дека во март ќе бидеме во најдобра форма”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигнаа казните за скандалот во Африканскиот куп на Нации – има и за Мароко и за Сенегал!

Африканската фудбалска конфедерација го објави конечниот исход за санкциите по хаотичното …