Дома Фудбал Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клубот по неуспешните преговори за привлекување на Жан-Филип Матета од Кристал Палас и Јусеф Ен-Несири од Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Џанлука Ди Марцио, „бјанконерите“ интензивно преговараат за францускиот репрезентативец, кој игра во Тотенхем на заем од Пари Сен Жермен. Пред почетокот на сезонава Јувентус не успеа да го убеди европскиот клупски шампион повторно да го пушти Коло Муани во торинскиот гигант, каде што играше на позајмица минатата пролет.

Сега, сепак, парижаните немаат проблем со таквиот трансфер, но „Старата Дама“ мора да го добие согласноста и на „спарците“, кои треба да го прекинат заемот на 27-годишниот играч, а и самиот тој има желба за нов престој во Јуве.

Меѓутоа, клубот води преговори и со Џенова во однос на привлекувањето на десниот бек Брук Нортон-Кафи. Предлогот на торинците е за заем до крајот на сезонава со задолжителна опција за купување на 22-годишниот Англичанец при пласман во Лигата на шампионите, но „грифоните“ сè уште не ја одобриле таквата сделка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува нов повеќегодишен договор за хр…