Дома Фудбал Готово: Лукас Пакета има нов клуб!

Готово: Лукас Пакета има нов клуб!

Лукас Пакета го напушта Вест Хем и се враќа во својот Фламенго!

Како што беше најавено претходните недели, Пакета успеа да ги убеди Вест Хем да преговараат, се разбира, и Фламенго мораше длабоко да посегне по џебот плаќајќи за трансферот неверојатни 42.000.000 евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Секако, ова е рекорден трансфер за бразилскиот клуб, а претходниот најскап играч беше Самуел Лино, кој пристигна од Атлетико Мадрид за 22.000.000 евра.

Лукас Пакета сакаше да се врати во својот матичен клуб, во родниот град, од каде што како тинејџер замина во големиот Милан, како еден од најталентираните Бразилци, откупен за дури 38.500.000 евра. Милан се покажа како прекрупен залак, па отиде од „Сан Сиро“ после само година и пол, во Лион за 23.000.000 евра.

Во Лион Пакета беше во блескава форма, што и беше причината Вест Хем да го ангажира летото 2022 година за 42.900.000 евра, сума слична на онаа за која сега го остави клубот.

Така Пакета се враќа во својот Рио по точно седум години, а навивачите му подготвуваат спектакуларен пречек како најскапо засилување во историјата на клубот.

Важно е да се нагласи дека Пакета се враќа во најдобрите години, бидејќи има 28 години и ќе биде лидер на тимот на Фелипе Луис во борбата за сите трофеи.

Во Вест Хем одигра вкупно 139 натпревари, притоа постигна 23 голови и додаде 15 асистенции, а сега го напушта клубот во најтежок период, кога тимот се бори за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покрај сите натпревари Европа зборува за оној на Кипар поради гол кој се гледа еднаш на 100 години

Ширум Европа оваа вечер се играат натпреварите од последното коло на лигашкиот дел на Лига…