Дома Фудбал Официјално: Адама Траоре има нов клуб!

Официјално: Адама Траоре има нов клуб!

Денес шпанскиот крилен играч, Адама Траоре, ги замени лондонските клубови, преминувајќи во Вест Хем од Фулам, истакнувајќи дека филмот за неговиот нов тим му помогнал да ја разбере страсната преданост на навивачите.

“Го следам Вест Хем веќе подолго време. Тоа е голем клуб со огромна база на навивачи. Го следев уште како дете кога го гледав филмот за Вест Хем. Свесен сум какви се навивачите и колку се страсни”, изјави 30-годишниот Траоре.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Траоре веројатно се реферира на “Green Street”, фиктивниот филм од 2005 година, кој преку навивачка група поврзана со Вест Хем ја прикажува културата на хулиганизам во англискиот фудбал.

Green Street беше името на улицата која водеше до стариот стадион на Вест Хем, Аптон Парк.

Сега клубот игра на Олимпискиот стадион, каде што Траоре ќе ја обнови сораотката менаџерот на Вест Хем, Нуну Еспирито Санто, двајцата претходно беа во Вулвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две лица во последен момент не се качиле во комбето со навивачи на ПАОК

Грција ја потресе веста за страшната сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го з…