Дома Останати Тенис Синер откри каде заминал на паузата и како успеал да закрепне од грчевите

Синер откри каде заминал на паузата и како успеал да закрепне од грчевите

Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на Австралискиот опен, Гренд слем на кој ја брани титулата, откако во третото коло со 3-1 го победи Елиот Спицири.

Дуелот беше обележан со прекин поради проблеми на Италијанецот со грчеви, прекин поради топлото време и затворањето на кровот на Род Лејвер Арената. На прес-конференцијата, Синер се осврна на сето тоа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Го прашаа за проблемите за време на мечот и за грчевите.

– Денес беше премногу топло. Почнав да добивам грчеви во третиот сет, но потоа тие полека исчезнуваа. Подобро го познавам своето тело и се обидувам да ја разберам ситуацијата во дадениот момент. Имав среќа. Кога го затворија кровот, беше потребно време. Се обидував да се релаксирам и тоа помогна. Малку го променив начинот на кој играм одредени поени.

Што правеше во соблекувалната додека го затвораа кровот?

– Ништо. Бев сам. Немаше третман. Не може да добиете третман во тој момент. Само се истегнував и легнав пет минути обидувајќи се да ги релаксирам мускулите. Изгледа дека успеа. Малку ја спуштив температурата на телото и тоа е тоа. Нема многу работи што можете да направите. Времето брзо поминува, но ми помогна, тоа сигурно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го откри проблемот со кој се соочува: Тоа ме фрустрира!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс по тешката побед…