Дома Фудбал Робертсон пред заминување од Ливерпул – прави трансфер во голем ривал на „црвените“!

Робертсон пред заминување од Ливерпул – прави трансфер во голем ривал на „црвените“!

Откако летово Ливерпул го напушти Трент Александер-Арнолд, на прагот на заминување од редовите на „црвените“ е и уште еден бек, кој изминативе години стана легенда на клубот.

Според информациите на The Athletic, Енди Робертсон (31) наскоро ќе го засили составот на Тотенхем

Преговорите меѓу двете страни активно се одвиваат оваа недела, и наскоро се очекува постигнување на конечен договор.

Тотенхем ќе го ангажира Робертсон како замена за Бен Дејвис, кој се здоби со сериозна повреда и го очекува подолг период на рехабилитација.

Робертсон последните девет и пол години беше дел од Ливерпул, за кои одигра 363 натпревари, постигна 12 голови и оствари 68 асистенции.

Со клубот од Енфилд, капитенот на шкотската репрезентација освои две титули во Премиерлигата и една титула во Лигата на шампионите. Оваа сезона, во плановите на тренерот Арне Слот, како прва опција на левиот бек се најде унгарскиот репрезентативец Милош Керкез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…