
Англискиот фудбалер Џуд Белингем (22) синоќа приреди изненадување со гестот на пиење пијалок додека го славеше својот гол против Монако. Ѕвездата на Реал Мадрид го заобиколи голманот Филип Кон и ја испрати топката во мрежата за вкупен резултат од 6:1.
До пред неколку дена, навивачите на Реал го исвиркуваа Белингем по победата против Леванте со 2:0. Во меѓувреме, познатиот шпански YouTuber, AuronPlay, излезе со неосновани тврдења дека Белингем е голем љубител на алкохол и дека бил во секој ноќен клуб во Шпанија.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кога постигна гол против Монaко, Белингем со насмевка го изведе неговиот гест, неколку пати симулирајќи пиење. Во интервју за TNT Sports после натпреварот, англиската ѕвезда објасни дека ова било на шега.
“Чувството ми е дека секој може да добие камера и да каже што сака, а светот одеднаш да верува без докази. Мислам дека постојат два начини на кои може да се реагира. Може да плачеш и да се жалиш, или едноставно да го прифатиш и да уживаш. Прославата беше малку шега за навивачите и луѓето што велат што им текне. Што се однесува на мене, ја знам вистината, знам што се случува во мојот личен живот. Знам што давам на натпреварите и што се трудам да го дадам на тимот. Надворешниот хаос всушност не е важен, но убаво е да се направи малку шега”, рече Белингем.
🚨🍻Јуд Белингем: “Мојата прослава? Многу луѓе велат многу работи…”.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 20 јануари, 2026
“Можеш да плачеш за тоа, или да се жалиш, или можеш да уживаш во неа. Му вратив со шега на навивачите. Ја знам вистината”. pic.twitter.com/rL1XNVAkiV
Понатаму, Белингем призна дека ги почитува правата на навивачите да го изразат своето незадоволство.
“Секогаш сум зборувал дека навивачите плаќаат свои пари, работат цела недела и штедат за да дојдат на натпреварите на Реал Мадрид и да не поддржат, така што имаат право да кажат што сакаат. Ова беше врста забава што мораме да ја обезбедиме повеќе за нашите навивачи”, додаде ѕвездата на Реал.
<