Манчестер Сити игра фантастично оваа сезона и е лидер во Премиер лигата, но Гвардиола сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Како што пренесуваат англиските медиуми „граѓаните“ веќе го договориле првото зимско засилување, а станува збор за холандскиот репрезентативец и член на Саутемптон, Патрик ван Анхолт.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Гвардиола најави дека ќе донесе засилување во дефанзива, особено на позицијата лев бек каде останаа без Бенџамин Менди, кој заработи тешка повреда.
Ван Анхолт би требало да биде идеално решение за таа позиција. Се очекува „граѓаните“ наскоро да испратат официјална понуда „тешка“ 12 милиони фунти.
Холандскиот фудбалер уште како тинејџер пристигна во Англија и беше дел од младинскиот погон на Челзи, а го носеше дресот и на уште неколку англиски клубови.