Дома Фудбал Голманот на Сенегал: Дали навистина мислите дека Диаз намерно промаши пенал? Бидете сериозни

Голманот на Сенегал: Дали навистина мислите дека Диаз намерно промаши пенал? Бидете сериозни

СЕНЕГАЛ го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето го совлада домаќинот на натпреварувањето Мароко со минимални 1:0 по спектакуларна драма која ја одбележаа контроверзни судиски одлуки. Победничкиот гол го постигна Папе Геје во 94. минута. Мечот беше прекинат пред крајот на регуларниот дел поради хаосот што настана кога селекторот на Сенегал, Папе Тиа, ги повлече своите играчи од теренот.

Тоа се случи откако Мароко доби пенал длабоко во судиското надополнување, кој го промаши Брахим Диаз. Сенегал потоа успеа да постигне гол во продолженијата и ја освои титулата.

Диаз намерно го промаши пеналот за победа?

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, судијата од Конго веќе го прекина натпреварот, досудувајќи фаул на Сек врз Хакими. Сенегалците жестоко реагираа на одлуката. Бидејќи фаулот беше свирен пред топката да влезе во мрежата, ВАР не можеше да интервенира.

Неколку моменти подоцна, судијата беше повикан на ВАР преглед поради потенцијален пенал за домаќините. Во 99. минута, по преглед на снимката, беше даден пенал за Мароко поради држење на Брахим Диаз од страна на Сек. По ова, Сенегалците го напуштија теренот. Ситуацијата можете да ја погледнете ТУКА.

По речиси 20 минути пауза, играчите на Сенегал се вратија на теренот. Брахим Диаз ја зеде топката и се обиде со паненка, но Едуард Менди ја прочита ситуацијата и ја улови топката. Ова беше последниот удар од регуларниот дел на натпреварот. Пеналот можете да го погледнете ТУКА. Се појавија шпекулации дека мароканскиот и реалов напаѓач намерно утнал, во духот на фер-плејот. Ваквите тврдења решително ги негира голманот на Сенегал.

Голманот на Сенегал: Сериозно размислувајте

“Дали Брахим намерно го промаши пеналот? Не, секако дека не! Бидете сериозни! Зарем навистина мислите дека на крајот на едно финале напаѓачот на репрезентацијата која 50 години чека на титула сака да промаши и дека во таква ситуација можеме да се договориме? Тој сакаше да постигне гол и јас заслужувам признание бидејќи му ја одбранив топката, и тоа е сè”, изјави Менди и додаде:

“Пред секој пенал за противниците, разговарам со Садио Мане. Не би ви кажал што ми рече. Најважно е што го носиме трофејот дома и што милиони Сенегалци се радосни. Имаше многу драматични моменти во ова финале. Знаевме дека сме на непријателска територија. Мароко ја чекаше оваа титула 50 години и сè беше на нивна страна. Ние ја имавме само топката и нашето знаење и на крај успеавме да победиме.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос се случуваше и на прес-конференцијата по финалето во Африканскиот Куп: Селекторот на Сенегал доби свирежи! (Видео)

Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето го совлада домаќинот на натпревару…