
Во натпреварот против Леванте фудбалерите на Реал Мадрид го почувствуваа бесот на навивачите од случувањата во клубот.
Имено, при излегувањето на теренот за загревање и на самиот почеток на натпреварот, од трибините се слушнаа гласни свирежи на незадоволство од публиката.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова е ситуација која на стадионот Сантјаго Бернабеу не се памети, а причина за реакцијата на навивачите беше отпуштањето на Чаби Алонсо, кој на клупата го замени Алваро Арбелоа.
Реал доживеа два последователни порази, против Барселона и Албасете, што нивните навивачи не го простија, па ги дочекаа со големи и силни свирежи.
Посебно на мета беа Бразилецот Виниссиус и Англичанецот Џуд Белингам, кои навивачите ги сметаат за најодговорни за заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал.
Што сè се случуваше на почетокот на натпреварот, можете да видите во приложеното видео.