Дома Останати Кошарка Визионерски потег на Леброн: Неговата инвестиција во Ливерпул денес вреди 1.500 проценти повеќе!

Визионерски потег на Леброн: Неговата инвестиција во Ливерпул денес вреди 1.500 проценти повеќе!

Уште во 2011 година, Леброн Џејмс направи потег кој денес се покажа како еден од најпаметните во светот на спортот.

Американската кошаркарска суперѕвезда тогаш купи два процента од сопствеништвото на англискиот спортски великан Ливерпул за 6,5 милиони долари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во тоа време, списанието „Форбс“ ја проценуваше вредноста на Ливерпул на околу 552 милиони долари, иако инвестицијата на Леброн покажуваше дека реалната вкупна вредност на клубот можеби била поблиску до 325 милиони долари.

Сепак, времето покажа колку добар бил тој потег.

Денес, вредноста на Ливерпул се проценува на неверојатни 5,4 милијарди долари. Кога ќе се земе предвид делот на Џејмс, тоа значи дека неговите два проценти сега вредат околу 108 милиони долари.

Ова сугерира дека Леброн Џејмс успеа за нешто повеќе од една деценија да ја зголеми неговата почетна инвестиција за над 1.500 проценти, докажувајќи уште еднаш дека, покрај неговата доминација на паркетот, тој подеднакво умешно ја води и својата деловна кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ и Леброн го совладаа Голден Стејт Вориорс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс лесно ги победија Голден Стејт Вориорс гостувајќи со 12…