
Кристијано Роналдо го задржа статусот на најплатен спортист во светот за изминатата година, според специјализираната страна за спортски бизнис Sportico.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според листата на Sportico за 2025 година, помеѓу 100-те најплатени спортисти има претставници од осум различни спортови и 28 држави, кои заработиле вкупно 5,2 милијарди евра. Ова е трета година по ред како Роналдо е на врвот.
Во 2025 година, Кристијано инкасира вкупно 224 милиони евра, што е двојно повеќе од неговите најблиски конкуренти, Канело Алварез и Лионел Меси.
Од клубот Ал-Наср, Роналдо заработи 172 милиони евра, додека од рекламите дополнителни 52 милиони.
Боксерот Канело Алварез се наоѓа на второто место со 117 милиони евра, а третото го држи долгогодишниот ривал на Роналдо, Лионел Меси, со 112 милиони евра.
Најзастапениот спорт е кошарката, со дури 40 играчи од НБА на листата. Ги предводи ЛеБрон Џејмс, кој 12 од последните 13 сезони беше најдобро платениот кошаркар, а во изминатата година заработил 110 милиони евра.
Целата листа на Sportico може да ја погледнете овде.