
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во директен дуел за титулата, а овој натпревар покажа дека до крајот не можеме да претскажеме кој ќе излезе како победник и освојувач на Скудетото.
Некои веќе го отпишаа Милан, некои порано ја отпишаа Рома по поразите од Аталанта и Јувентус, а некои синоќа посакуваа да го отпишат и Наполи. Но, заклучокот е ист – никој не е отпишан од борбата за титулата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Интер имаше одлична шанса да побегне од своите ривали, откако Милан запиша две нерешени средби со Џенова и Фиорентина, но храбрите Наполетанци освоија голем бод, иако беа сериозно ослабени.
Табелата сега вели – Интер 43, Милан 40, Наполи и Рома имаат по 39, а Јувентус може да ја стигне “волчицата”, бидејќи има натпревар помалку и 36 бодова. Значи, имаме пет тима во разлика од само четири бода, а сеуште сме на средина на патот.
Тренерот на Интер, Кристијан Киву смета дека Наполи не е единствениот ривал во трката за титула.
“Гледав два силни тима кои дадоа се од себе за победа. Јасно е дека жалиме бидејќи двапати водевме и на крајот не победивме, но не е лесно против вакви ривали. Мислам дека имаме четири или пет еднакво квалитетни тимови во борбата за титула и сигурен сум дека не’ очекува жестока трка до самиот крај”, истакнува Киву.
Скот Мектоминеј ја истакна важната состојба по дербито со Интер, а тоа е инфирматорна состојба во неговиот тим.
“Дадовме се од себе. И тоа без Ангуиса, Лукаку, Гилмор, Де Брујне, без Рахмани од почетокот на сезоната, а и Нерес е повреден. Замислете да игра Интер без Лаутаро Мартинес, Маркус Тирам, Барела и Чалханоглу. Многу е тешко да се “тегне” во вакви натпревари, па затоа давам секогаш признание на моите соиграчи, тренерот и стручниот штаб што прават се можат да излеземе од оваа ситуација и да останеме компетитивни и зошто не се предаваме”, изјави Мектоминеј.
Се на се, Интер има за што да жали, Наполи има повеќе за што да биде горд, а останатите да бидат благодарни за нерешениот исход, бидејќи се уште сите се во игра за Скудетото.