Дома Фудбал Најскапиот играч на Челзи е веќе со една нога во Наполи

Најскапиот играч на Челзи е веќе со една нога во Наполи

Рахим Стерлинг (31) е практично на излезни врати од Челзи и сè укажува на тоа дека неговиот следен чекор е Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По враќањето од позајмица во Арсенал без ни една минута на терен, е јасно дека за него на Стамфорд Бриџ веќе нема место, а “кралскиот” договор стана товар кој сакаат што побрзо да го тргнат од грбот.

Подно Везув го чека нова шанса. Антонио Конте го гледа Стерлинг како идеален проект за враќање на врвот, а контактите меѓу Наполи и агентите на Стерлинг веќе сериозно напредуваа.

Иако зделката сè уште зависи од излезните трансфери, името на Стерлинг е високо на листата на приоритети на актуелниот шампион на Италија.

Ако последните детали се договорат, Челзи ќе затвори една скапа епизода, а Стерлинг наскоро може да ја започне новата, италијанска фаза на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…