Дома Фудбал Поради бизарна причина седум години не сакаа да играат натпревари, а сега тоа се промени!

Поради бизарна причина седум години не сакаа да играат натпревари, а сега тоа се промени!

По седум години неприкажување на фудбалските терени, репрезентацијата на Еритреја конечно се враќа во натпреварувачкиот меѓународен фудбал.

Еритреја се издвојуваше како единствениот член на ФИФА без поени во ранг-листата. Иако овој африкански тим имаше право да игра, повеќе од седум години тој одбиваше да оди на натпревари.

Причината е необична – локалната фудбалска федерација го избегнуваше учеството на натпревари за да спречи можност фудбалерите да избегаат и да побараат политички азил додека се на гостувања.

Поради ова, Еритреја го изгуби рангирањето, бидејќи според правилата на ФИФА, селекција која не игра натпревари во период од 48 месеци го губи своето место на ранг-листата.

Оваа африканска екипа последен пат играше гостински натпревар во Уганда во 2019 година и тогаш беше поразена со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат во историјата прволигашите ќе имаат делегати во Собранието на ФФМ!

Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа работен состанок со прет…