Дома Фудбал Откриено: Нејмар сакал да ја заврши кариерата!

Откриено: Нејмар сакал да ја заврши кариерата!

Бразилецот Нејмар сериозно размислувал да ја заврши кариерата во фудбалот поради сѐ почестите повреди кои го мачат во изминатите неколку години.
Ова беше најизразено за време на повредата на неговите коленски лигаменти, поради што ја прекина и договорот со Ал-Хилал.

Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ, и покрај болките по операцијата, одлучи да го одложи повлекувањето од фудбалот. Сега се надева дека ќе го заземе своето место во нападот на Бразил на овогодишното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, известува Goal.

Таткото на фудбалерот зборуваше за тоа како сите овие предизвици влијаеле врз неговиот син.

“Имаше повреда на менискусот. Медиумите го објавија тоа пред да можеме да разговараме со него, и тоа го наведе во потполно безнадежна состојба. Не можев да го спасам менталното здравје на мојот син. Сите зборуваа дека нема да игра и тоа многу го погоди. Неговиот ум целосно се распадна”, сподели таткото на популарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе е воодушевен од Мурињо: Не можеш да станеш Жозе, ако не си таков

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ги сподели првите импресии од соработката со Жозе Мурињо …