Дома Фудбал Новиот тренер на Челзи пристигна во Лондон, дебито може да биде веќе против Фулам

Новиот тренер на Челзи пристигна во Лондон, дебито може да биде веќе против Фулам

Фудбалерите на Челзи одиграа нерешено против екипата на Манчестер Сити во дербито на 20. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Енцо Фернандез во судиското продолжение.

Лондонскиот клуб на овој натпревар го водеше тренерот на У21 тимот, Калум Мекфарлан, кој временски ја презеде екипата во исклучително турбулентен период за „сините“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Челзи од 1 јануари 2026 година остана без главен тренер, откако Енцо Мареска беше сменет поради несогласувања со управата на клубот, но и резултати кои не ги исполнија високите очекувања на сопственикот. И покрај големите вложувања, тимот од „Стамфорд бриџ“ не успеа да одржи континуитет на добри партии, што на крајот го чинеше работата на италијанскиот тренер.

Во изминатите денови, управата на Челзи интензивно работи на пронаоѓање на нов тренер, а како главен фаворит од самиот почеток се издвојува Лиам Росениор, актуелниот стратег на Стразбур. Англискиот стручњак беше доста воздржан во изјавите пред саботниот дуел на неговата екипа против Ница, што дополнително ги запали шпекулациите дека договорот со лондонскиот великан е веќе постигнат.

Според извори блиски до клубот, Росениор за тоа време не сакаше да открива детали бидејќи процесот беше во завршна фаза. За време на неделното попладне, некогашниот тренер на Хал летна за Лондон заедно со претседателот на Стразбур, Марк Келер, и спортскиот директор, Дејвид Ви, а во вечерните часови пристигна во главниот град на Англија за да ги финализираат последните детали од соработката.

Ако не се случат непредвидени работи, Росениор може да дебитира на клупата на Челзи веќе во среда, кога „сините“ ќе го пречекаат Фулам, со што би започнала новата ера на „Стамфорд бриџ“ во обидот да се спаси сезоната и клубот да се врати во борба за врвните цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен направил тотален хаос во кампот на Нигерија

Виктор Осимен во понеделникот, 5 јануари, го постигна својот прв дупли гол во историјата н…