
Африканскиот куп на нации, кој во моментов е во тек, продолжува да нуди интересни моменти, а синоќа репрезентацијата на Уганда приреди нешто што ретко се случува во светот на фудбалот.
Ова континентално натпреварување, кое се одржува секои четири години и на кое се натпреваруваат врвни африкански фудбалери, можеби не е најелитното по квалитет, но дефинитивно е највозбудливо по неочекувани ситуации, резултати и целиот фолклор што го следи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Фудбалерите на Уганда синоќа се соочија со неверојатна ситуација. Беа принудени да употребат тројца голмани за само 13 минути, сите тројца што ги зедоа на Африканскиот куп.
Уганда, според очекувањата, претрпе пораз од Нигерија со резултат 3:1 и не успеа да се пласира во нокаут фазата.
1’ — Onyango (прв голман)
— Dean Ammi (@AlgerianFooty) 30 декември 2025
46’ — Магула влезе како замена (втор голман)
56’ — Магула исклучен
59’ — Алионзи влезе како замена (трет голман)
Катастрофа за Уганда со ТРИ голмани во еден натпревар на Африканскиот куп! 🇺🇬pic.twitter.com/rfif00aL3h
Во 46. минута, поради повреда, првиот голман на Уганда, Денис Онјанго, беше заменет и на негово место влезе Салим Магула.
Сепак, Магула, само 11 минути подоцна, доби директен црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот, по што мораше да влезе третиот голман, Нафиан Алионзи. Нигерија ја искористи оваа ситуација и со два брзи гола од 62. до 67. минута го реши натпреварот.