Дома Фудбал Oфицијално: Падна отказ во Ливерпул!

Oфицијално: Падна отказ во Ливерпул!

Арон Бригс го засили Ливерпул во јули 2024 година кога ја презеде улогата на тренер за прекини. По кусо време, му беше прекинат договорот.

Тој беше доведен како замена по заминувањето на Питер Кравиц од стручниот штаб на Јирген Клоп.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со завршување на соработката, одлуката стапува на сила веднаш.

Оваа промена за Арон Бригс не ја изненади јавноста.

Само уште два клуба од топ пет лигите во Европа сезонава примија исто толку голови од прекини како Ливерпул. Редсите, досега, имаат примено 12 гола. Тие два клуба се Борнмут и Нотингем Форест.

Кога се работи за голови од прекини (исклучувајќи пенали), на голот на Ливерпул се имаат упатено удари од Њукасл, Кристал Палас, Манчестер јунајтед, Брентфорд, Манчестер сити, Нотингем Форест, Лидс, Тотенхем и Вулвс. Некои клубови постигнале повеќе голови во тие ситуации.

Од друга страна, Ливерпул е клубот кој најмалку голови постигна од прекини во Премиер лигата – само три.

За споредба, Арсенал постигна 12 голови и прими четири. Најмалку голови од прекини досега во Премиер лигата примија Сандерленд и Брентфорд – по три, додека Манчестер јунајтед има рекорд од 13 постигнати.

Арне Слот неколку пати од почетокот на сезоната укажуваше дека ова е значаен проблем, особено во споредба со претходната сезона. Вклучувајќи ги и пеналите, повеќе од 50 проценти од примени голови на Ливерпул оваа сезона се од прекини.

После разделбата со Бригс, овој аспект на тактичката подготовка ќе го преземат останатите членови од стручниот штаб на Слот, додека не се пронајде нов експерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Не е лесно за семејството на Роналдо: Погледнете како предизвикаа метеж помеѓу фановите во Емиратите

Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо беше главната ѕвезда на настанот Globe S…